Dave's Kitchen - Рецепт за брза и сочна мусака
Доколку се мислите каков ручек да подготивите за Вашето семејство, тогаш ова е рецептот за вас. Речиси сите знаеме како да подготвиме мусака, но јас денеска Ви го споделувам мојот омилен рецепт за сочен фил и прелив од јајца и млеко за уште подобар вкус.
Постапката е многу едностава и ќе Ви бидат потребни околу 15 минути за да ја подготвите оваа мусака, не сметајќи го времето за печење.
Ајде да ја подготвиме највкусната мусака.
Не заборавајте да ставите SUBSCRIBE на мојот You Tube канал, и да ги заследите моите профили на социјалните медиуми:
INSTAGRAM - https://bit.ly/2UjKnEO
FACEBOOK - https://bit.ly/2MP2L7A
YOUTUBE - https://bit.ly/2M8nX8X
Потребни состојки:
500 г компири, излупени и исечкани на листови
сол и мелен црн пипер по вкус
маслиново масло
500 г мелено месо
1 главица кромид, ситно исечкана
1 лажичка сенф
маслиново масло
1 морков, ситно изрендан
2 чешниња лук, ситно исечкани
2 лажички мешан сув зеленчук
2 лажици свежо исечкан магдонос
За преливот:
5 јајца
500 мл. млеко
сол по вкус
Во тава на оган загрејте го маслото и пропржете го ситно исечканиот кромид заедно со ситно исечканиот лук. Додајте го меленото месо, изранданиот морков и гответе додека комплетно месото не ја смени својата боја, околу 5 минути.
Во тавата додајте го сенфот, солта и мелениот црн пипер и зачинете со мешан сув зеленчук. Гответе уште 2-3 минути и кога тавата ќе ја тргнете од оган додајте го ситно исечканиот магдонос. Промешајте и оставете на страна.
Следно, потребно е да ја подготвиме тавата во која ќе се пече мусаката. Периодов ги користам новите садови за готвење на Енамели, а за овој рецепт ја одбрав токму оваа тава која е совршена за подготовка на рецепти како што се мусака, различни типови на печено месо или пак подварок. Она што најмногу ми се допаѓа е тоа што има модерен изглед и го задржува вкусот на секое подготвено јадење. Исто така, тавата е совршено дизајнирана за да го чува јадењето топло подолго време. Ја препорачувам за сите оние кои сакаат да готват. Садовите Енамели може да ги најдете ексклузивно во сите маркети на Веро, достапни преку купон-плус акцијата за неверојатна понуда со -50% попуст.
Во тавата каде што ќе се пече мусаката нанесете малку маслиново масло и наредете еден слој од круговите компири. Зачинете со малку сол и мелен црн пипер, а потоа додајте го целиот фил со мелено месо. Со помош на лажица или шпатула распределете го рамномерно низ целата тава така што би добиле рамна површина. На крај, наредете уште еден слој од круговите компири и зачинете со малку сол и мелен црн пипер.
А сега следи, највкусниот дел од оваа мусака, кој не само што ќе допринесе за подобар вкус туку и за совршен изглед на овој рецепт.
Во сад со помош на жица за матење изматете ги јајцата и додајте го млекото. Добро изматете ја целата смеса и полејте низ целата мусака. Протресете ја тавата со помош на рачките за да преливот рамномерно се впие во мусаката.
Печете ја вака подготвената мусака, во загреана рерна на 180 степени, околу 30-40 минути.
Мусаката е готова кога на површината ќе има убаво златно-кафена боја. Оставете да се излади околу 15-тина минути, а потоа пресечете парче и сервирајте во чинија.
Можете да сервирате и декорирате со лажичка павлака и свежо исечкан магдонос.
На крајот преостанува да уживате во традиционалниот вкус на оваа мусака, но сепак подготвена на помодерен начин.
Се надевам дека ќе го испробате овој рецепт и ќе ми испратите фотографија за тоа како ви испаднал. Точните мерки на состојките ќе ги најдете во описот на ова видео. Не заборавајте да ставите subscribe на мојот youtube канал а ние се гледаме наскоро со нов интересен и вкусен рецепт, а до тогаш имајте забавно готвење!